ЕКИПА во Гдиња,
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Македонија синоќа дебитираше на Европското првенство во Полска. Загуби убедливо од Шпанија со 5-0, но целокупниот впечаток секако не беше толку разочарувачки. Нашите млади фудбалери играа офанзивно, создадоа неколку шанси пред голот на „црвената фурија“, но не успеаја да реализираат. На спротивната страна, Шпанците беа бескрупулозни.
Виктор Ангелов има и посебна поддршка овде на трибините во Гдиња. Неговиот татко Атанас го следи Европското првенство, заедно со уште неколкумина пријатели. Сите се сложни дека Македонија не заслужи да загуби толку убедливо.
„Останува горчина во душата. Македонија одигра квалитетен натпревар, но Шпанија на крајот славеше премногу убедливо. Резултатот не е реален одраз на настаните на теренот. Освен фактот дека Шпанците ги искористија речиси сите свои шанси, а нашите момци навистина немаа среќа и покрај неколку одлични можности. Но, сите се надеваме дека против Србија во вторник ќе биде многу, многу подобро“, вели таткото на Виктор Ангелов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА