Албанскиот репрезентативец Мирланд Даку неславно го заврши Европското првенство 2024 откако доби суспензија од УЕФА поради националистичките испади со навреди на Македонците и Србите по завршувањето на натпреварот со Хрватска.
Tаткото на Мирлинд, Фехми Даку, не се согласува со постапката на својот син, која вели дека била во еуфорична ситуација, затоа што Мирланд воопшто не е такво момче. Во изјава за „Спорт24“, Фехми вели дека по враќање на Мирланд од ЕП долго разговарале за скандалот, и јасно му нагласил на својот син дека такво нешто повеќе не смее да му се повтори.
„Мојот син веќе се врати дома. Мирлинд, да бидам искрен, не се чувствува добро поради целата ситуација. Му реков никогаш повеќе да не го прави тоа. Ќе одмори неколку дена, а потоа ќе замине во Русија. Слушнав дека неговиот клуб Рубин Казан ќе го казни за неговите постапки на Европското првенство. Оваа одлука на клубот мора да се почитува. Но, сигурен сум дека нема да има проблеми со соиграчите од Србија, тие ќе живеат во мир затоа што знаат дека Мирланд не е такво момче“ – вели Фехми Даку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА