Тајсон Фјури и Олександар Усик в сабота ќе влезат во рингот за обединување на титулите во тешка категорија. Како тензиите да не беа веќе високи, таткото на Фјури ги загреа дополнително. Џон Фјури се судри со тимот на Олександр Усик.
Фјури сениор со глава удрил еден од членовите на тимот на Усик и – му ја скршил главата.
„Ние само навивавме за нашиот борец. Викавме „Усик, Усик“, а тој полуде. Сакав да го удрам, но не би било фер поради разликата во години. Тој не треба да влезе во вистинска борба, може да добие срцев удар и да заврши во болница“, изјави Станислав Степчук.
Кога малку се смирија страстите, таткото на Фјури се извини.
John Fury, a 6’3, 200lb man headbutts a lad who stands there unfazed whilst Fury walks off with blood pouring down his face.
Incredible.
pic.twitter.com/Hb3Rz3q01j— george (@StokeyyG2) May 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА