Таткото на светскиот шампион во бокс во ВБЦ категоријата Тајсон Фјури, Џон предложи Дионте Вајлдер да се откаже од третиот меч против неговиот син.
„Не знам што би можел Дионте да направи во третиот меч против Тајсон, кој во моментов е далеку подобар боксер од него. Ќе биде подобро да го заборави мојот син на некое време и да сфати дека во овој момент Тајсон е пресилен. Го предупредувам Дионте дека по евентуалниот меч може да заврши во болница и таму да остане подолго време“, изјави Џон Фјури.
Поразот од Тајсон Фјури во Лас Вегас беше прв во кариерата за Вајлдер, а последните информации е дека тој ќе го предизвика Фјури на почетокот на јули пред почетокот на Летните олимписки игри во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА