Таткото на Ѓоковиќ за критичарите: Тие се неуспешни, заостанати и природно глупи

Новиот рекорд по бројот на освоени грен-слем титули на Новак Ѓоковиќ беше повод за српскиот медиум „Спортал“ да направи документарен филм за еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Во истиот говореше и таткото на Новак, Срџан Ѓоковиќ кој упати остра критика кон критичарите на неговиот син.

„Само нека продолжат да му замеруваат. Гледам дека нешто му направиле. Гледам дека е неуспешен, дека заостанува во развојот, дека е природно глуп. Тоа се сите тие. А, тој е успешен, најуспешен, најдобар на светот. Толку за тоа“, изјави таткото на Ѓоковиќ.

Се вчитува...