Таткото на Јамал: Нема да кажам дека ова е грабеж, Ламин е најдобар на светот со огромна разлика пред сите

Усман Дембеле (28) е прогласен за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2024/25. Дека Французинот, кого многумина го сметаа за изгубен талент пред три години, може да ја освои наградата, стана јасно кога ПСЖ објави дека нивниот најдобар играч нема да игра во дербито против Марсеј бидејќи присуствувал на церемонијата за доделување на „Златната топка“ во „Театр ди Шателе“ во Париз.

Трофејот му го врачи Роналдињо , некогаш најдобриот фудбалер во светот, за кого ПСЖ го отвори патот кон глобалната слава. Иако фудбалскиот свет речиси едногласно прифати дека крилниот напаѓач на ПСЖ заслужено ја освои Златната топка, не беа сите задоволни на самата церемонија.

Еден од незадоволните беше Мунир Насруи , таткото на Ламин Јамал , кој тешко го прими поразот на својот син на гласањето. Кога дозна дека Дембеле ја освоил наградата, брзо помина покрај шпанските новинари и кратко рече:

„Следната година е наша“, рече Мунир, кој потоа го истакна своето незадоволство.

„Мислам ова е најголемиот… нема да кажам кражба, но морална штета нанесена на човек“, рече Мунир.

„Мислам дека Ламин Јамал е најдобриот играч на светот со голема, огромна разлика. Не затоа што ми е син, туку поради тоа што сметам дека нема никакви ривали. Се случи нешто многу чудно сега, но идната година наградата ќе биде шпанска“, изјави Насруи.

Се вчитува...