Таткото на Јокиќ: Ужива во едноставниот живот, го има семејството, коњите и пријателите… што повеќе му треба?

Никола Јокиќ, според многумина најдобриот кошаркар на светот изминатите години го доживеа врвот на својата кариера, а успесите со Денвер во НБА лигата ги преслика и во националниот тим со кој ова лето стигна до бронзениот медал на Лените олимписки игри кои се одржаа во Париз.

Скромниот Никола нема социјални мрежи, ретко кога и се појавува во јавноста и кога го прави тоа го прави без ексцес, а откри и дека кога ќе ја заврши кариерата сака сите да го заборават.

За скромноста на сомборецот сега за српските медиуми говореше и неговиот татко, Бранислав.

„Никола ужива во едноставните работи во животот. Планираме да изградиме фамилијани куќи и хиподорм за да ја задоволи љубовта кон коњите. Што повеќе му треба? Не е дека ние не сме имале летна луѓа, коњи или случни работи претходно, но што му треба повеќе од тоа? Можеби сака да оди на рафтинг во Белград, но која е поентата да сте јавна личност?

Не го интересира тоа. Има се што му треба тука. Оди во кафана со пријателите од детството во петок и сабота и не се дружи со нови луѓе, нема нови пријателства. Тешко му е да прифати нови луѓе околку него, мора да бидат од светот на кошарка или коњи“, открива таткото на кошаркарската ѕвезда.

Се вчитува...