Таткото на Мегваер изел ќотек во инцидентите пред „Вембли“

Таткото на Хари Мегваер, Иан Мегваер, бил еден од стотината повредени англиски фанови во немилите сцени што се случија пред почетокот на големото финале на ЕВРО 2020, кога приврзаниците на „гордиот албион“ меѓусебно се степаа пред храмот на фудбалот на оваа земја.

Фотографиите од инцидентите пред „Вембли“ го обиколија целиот свет, а самиот Хари Мегваер во изјава за таблоидот „Сан“ обелодени дека неговиот татко го извлекол подебелиот крај.

„Татко ми настрада во тепачката пред Вембли. Тој само одеше на стадион, кога го пресретнале неколку пијани навивачи и почнале да го удираат. Има скршени ребра и проблеми со дишењето, но за среќа ситуацијата не е сериозна. Ако има среќна околност, тоа е што овојпат бил сам, бидејќи на секој меч ги носи моите деца на стадион“, изјави дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и на „гордиот албион“.

Се вчитува...