Таткото на Меси: Доста со лажни вести, ништо не е договорено ниту потпишано за С. Арабија

Француската новинска агенција (АФП) објави денеска дека Лионел Меси го договорил трансферот во клубот од Саудиска Арабија, Ал Хилал на крајот од сезоната.

Но, неговиот татко, Хорхе Меси, сето тоа го демантираше истакнувајќи дека за неговата иднина ќе се одлучува на крајот од сезоната.

„Апсолутно ништо не е договорено со Ал Хилал. Се е тоа лага. Ќе одлучиме на крајот од сезоната каде ќе ја продолжи кариерата. Неговото име се спомнува на сите страни, но единствената вистина е дека ништо не сме потпишале ниту договориле, дури ни вербално. Се се тоа лажни вести кои се пуштаат без никаков доказ во јавноста“ – напиша Хорхе Меси во своето соопштение до јавноста.

Како опција за Меси се спомнува и враќање во Барселона, но тоа би било исклучително комплицирано поради финансиските рестрикции кои челниците на шпанската лига и го наметнаа на Барселона.

Се вчитува...