Поранешниот македонски младински репрезентативец и член на швајцарски Јанг Бојс, Таулант Сефери одлучи во иднина да го носи дресот на албанската репрезентација.
20-годишниот Сефери го очекува прв повик за младата репрезентација на Албанија веќе во февруари, информираше за албанските медиуми и селекторот на Албанија, Албан Буши.
„Да, точно е дека разговарав со Таулант Сефери кој се согласи да биде дел од националниот тим на Албанија во иднина“ – соопшти Буши.
Уште на крајот од 2015 година беше најавено дека Сефери, кој тогаш и го промени своето презиме од Сулејманов во Сефери, во иднина ќе настапува за Албанија, но поради отсуството поради повреда сето тоа се оддолжи.
Сефери претхондо ги мина сите младински селекции на Македонија, а има и два настапи за младата репрезентација на Македонија. За македонската фудбалска јавност стана познат по одличните настапи за Работнички, во годината кога одигра 31 меч и постигна шест гола. Од Работнички, на почетокот од 2015 година се пресели во Јанг Бојс.
По, вардаровиот фудбалер Јасир Асани, Таулант Сефери е втор фудбалер од Македонија кој ги минал нашите млади селекции, а потоа го прифаќа повикот за настап во албанската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА