Кошаркарите на Њујорк ja намалија предноста на Индијана на 2-1 во финалето на плејофот од Источната конференција на НБА со победа од 106-100 во Индијанаполис.
Карл-Ентони Таунс ги предводеше Никсите со 24 поени, од кои 20 ги постигна во четвртата четвртина, а имаше и 15 скока.
„Сите направивме сè што требаше за да победиме, се вративме во игра кога беше најпотребно. Сакавме да се ставиме во позиција да имаме шанса за победа на крајот“ – рече Таунс по мечот.
Џејлен Брансон придонесе за победата со 23 поени, и покрај тоа што играше со пет лични фаули по три четвртини, Огугу Ануноби додаде 16 поени, а Микел Бриџис додаде 15 поени.
Во тимот на Индијана, најефикасни играчи беа Тајрис Халибартон со 20 поени, седум скока, четири асистенции и три украдени топки, и Мајлс Тарнер имаше 19 поени и четири скока. Паскал Сиакам додаде 17 поени, а Ти Џеј Меконел 12 поени.
Пејсерси имаа водство од 20 поени во текот на натпреварот, но Њујорк успеа да го сврти резултатот со поените на Брансон на 89-88, седум минути пред крајот на натпреварот. После тоа, Никсите поведоа и остварија важна победа.
Следниот четврти натпревар се игра ноќта меѓу вторник и среда во Индијанаполис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

