Англискиот фудбалер Андрос Таунсенд и во следните години ќе настапува за Лутон откако денеска го продолжи договорот со Премиерлигашот кој го засили на почетокот на сезоната, потврди и самиот клуб.
Поранешниот фудбалер на Тотенхем кој помина и долги сезони на позајмици во Јеовил, Лејтон, Милтон, Вотфорд, Милвол, Лидс, КПР, а беше и дел од Њукасл Јунајтед, Кристал Палас и Евертон не го криеше задоволството од новиот договор, а откри и интересен детал.
„Можам да кажам дека сум пресреќен. Пред три месеци мислев дека мојата кариера е готово. Одев од врата до врата и молев било кој да ми овозможи проба. Од такви ситуација дојдов до потпишување на долгорочен договор. Ми се оствари сонот. Ова е посебен клуб. Мислам дека можеме до голем успех и опстанок во Премиерлигата. Ни останаа уште 19 натпревари во следните шест месеци на кои треба да покажеме дека можеме“, изјави Англичанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА