Тажен ден во Бразил – Почина мајката на Роналдињо

Како последица од коронавирусот почина мајката на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Роналдињо. Мигелина Елои Асис дос Сантош почина во саботата во својата 71 година од животот.

Таа уште во декември минатата година беше хоспитализирана во болница во Порто Алегре, бразилската држава која беше рекордер по бројот на заразени во Јужна Америка. Атлетико Минеиро кој беше еден од последните клубови на легендарниот Роналдињо меѓу првите ја пренесе трагичната вест.

 

Се вчитува...