Тажен ден за Елиф Елмас: „Замина мојата најголема поддршка…“

Македонската кошарка денеска е во тага по веста за смртта на Ерхан Ќахил – Еко, кошаркарски делегат на сениорски и младински натпревари кој ненадејно замина од овој свет.

Големиот љубител на спортот ќе биде запомнет како скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

Заминувањето на Еко остави во тага и голем број истакнати македонски спортисти. Меѓу нив и еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас за кого Еко беше најголема поддршка уште од времето на настапи за Работнички.

„Мојата најголема поддршка денес си замина, но знам дека од таму горе ќе навиваш повторно за мене, и ќе ми останеш најголема поддршка, а јас ќе те радувам од овде кај што почнавме“ – се збогуваше Елмас преку социјалните мрежи од својот Еко.

Се вчитува...