Тажна приказна на олимписката шампионка: Ги соблеков патиките и видов дека повеќе нема да можам да одам!

Тажни вести доаѓаат од светот на велосипедизмот. Двократната олимписка шампионка во велосипедизам Кристина Вогел соопшти дека до крајот на својот живот нема да може да оди.

Црните прогнози се обвистинија, а Вогел истакна дека е подготвена за новиот животен предизвик. Во секој случај, потсетувањето на самата несреќа беше повеќе од тажно…

„Диши, диши, диши, си зборував на самата себе. Ги соблеков патиките и видов дека е готово со одењето“ – истакна 27-годишната Вогел.

Вогел се судри со холандски велосипедист, а возеше 40 километри на час. Интересно е дека имаше несреќа и претходно во 2009 година кога ја удри минибус, па беше извесен период во кома.

На прашање на новинарите дали некогаш се запрашала „зошто баш јас?“, Вогел со одговор:

„Никогаш не мислам на тоа. Никогаш. Тоа е прашање на кое нема одговор!“

Се вчитува...