ТАЖНА СЛИКА ВО ВАРАЖДИН: „Фалангата“ се врати дома – Помалку од 100 Македонци на трибините (ВИДЕО)

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонската репрезентација го почнува натпреварот од првото коло во главната рунда од СП 2025 против Австрија, a трибините во арената во Вараждин зјаат празни. Тажна слика за главна фаза на едно светско првенство!

„Фалангата“ која имаше обоено половина од арената во црвено-жолто овојпат ја има во далеку помал број. По финиширањето на првата фаза огромно мнозинство од македонските навивачи се врати назад во татковината, па попладнево само стотина фанови се во арената за да ги бодрат избраниците на Кире Лазаров.

Се чини целокупните околности од првата фаза, заедно со односот на организаторите на последниот натпревар против Гвинеја, приведувањата и паричните казни за дел од македонските навивачи, а дополнети и со новите високи цени за билетите кои ги одредија ИХФ и организаторите влијаеја и на бројката на македонски поддржувачи во Вараждин. Па, сега ова е сликата во хрватскиот град на еден Мундијал…

Се вчитува...