Тажна вест: „Комити“ се збогуваат од Чичо Коле

Почетокот на новата календарска година донесе и тажна вест, откако навивачката група Комити денеска се збогуваше од Никола Јордановски – Чичо Коле, една од најмаркантните фигури меѓу црвено-црната армија навивачи.

„Го известуваме целокупното членство, како и сите навивачи и симпатизери на клубот, дека вчера не напушти нашиот член Никола Јордановски – Чичо Коле.

Не постои утеха која што може да ја смири нашата болка што ја чуствуваме во моментов. Чичо Коле ќе биде запаметен по неговата чиста љубов кон Вардар и западната трибина, многуте заеднички приказни на западната трибина и еден од иницијаторите за братството со Војводи.

Упатуваме сочувство до семејството и до најблиските.

Никола Јордановски – Чичо Коле

Засекогаш дел од нас! 🔴⚫️“, објави Комити.

Се вчитува...