Аргентина завиена во црно по тажната вест за смртта на Луис Адолфо Галван, легендарниот дефанзивец и светски шампион во 1978 година.
Галван почина на 78-годишна возраст по долга борба со пневмонија. Тој остави огромен белег во аргентинскиот фудбал. Галван мина повеќе од еден месец во болница поради проблеми со здравјето, а таму добил тешка инфекција која се претворила во тешка пневмонија.
Аргентинската фудбалска федерација испрати порака на сочувство.
„Федерацијата изразува длабоко жалење за смртта на Луис Галван, бранителот кој ја донесе светската титула во Аргентина во 1978 година. Тој беше столб на Таиерес, со дури 503 одиграни натпревари во текот на 17 сезони.“, стои во објавата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

