Тажна вест од Белгија: 28-годишен голман ја загуби битката со леукемијата

Белгискиот голман Мигел ван Дам, ја загуби битката со леукемијата на 28-годишна возраст. Ван Дам беше член на тимот на Серкл Бриж, и после пет години не успеа по петти пат да ја добие битката со болеста.

Ван Дам кариерата ја почнал како напаѓач во Лембеке, а потоа бил прокомандуван на голманската позиција. На 17 годишна возраст заминува во Серкл Бриж, и го засили познатиот тим.

Овој голман ја победи болеста и се врати на терен, и се чинеше дека целосно оздравел, но тука не беше крајот на борбата. Тој повторно победи, а леукемијата повторно се враќаше четири пати. Петтиот пат не успеа да победи против оваа болест.

Се вчитува...