Многумина од повозрасните љубители на фудбалот и тоа како се сеќаваат на Морено Торичели, италијанскиот репрезентативец и икона на Јувентус од 90-те години на минатиот век.
Торичели, кој играше на позицијата десен бек заедно во тим со легендарните Алесандро Дел Пјеро или Зинедин Зидан, во детална исповест за својот живот вели дека неговата фудбалска приказна е незамислива во модерниот фудбал, но порача дека со труд и напорна работа секогаш се доаѓа до успехот.
Негов најтежок момент во животот секако е 2010 година кога почина неговата сопруга Барбара.
„Работев во фабрика за мебел, бев момче како и сите други. Сфатив дека не сакам школо, и почнав да работам, а навечер играв фудбал. Секогаш наоѓав време за фудбал, и покрај работата уште како тинејџер. Но, страста беше преголема и јас постојано тренирав“ – раскажува Торичели, и дополнува:
„Не ни сонував дека еден ден ќе ме бара и Јувентус. Но, некако се случи мојот тим да игра четири пријателски натпревари со нив, и ме забележал Џовани Трапатони. Сето тоа беше сон. Во денешно време мојата приказна веќе не е возможна, но во тоа време пред 35 години беше некое чудо. Емоциите кои ги чувствував беа неверојатно силни, што навистина сакам и некој друг да ги почувствува. Никогаш не бев некој голем играч, но ме водеа мојот труд и работа. Работев многу, а денеска гледам малку желба, малку глад кај денешните млади. Интернетот ги тера да мислат дека може се веднаш да добијат со еден клик, да стигнат каде сакаат и да добијат се што сакаат“.
View this post on Instagram
Но, потоа се случи голема семејна трагедија за него која го оддалечи од фудбалот.
„Одлучив да престанам да играм фудбал затоа што болест ми ја украде сопругата, и останав дома за да ги израснам децата онака како што треба. Леукемијата ми ја однесе најголемата љубов на животот. Барбара имаше само 40 години. Живеевме во една мала вила на брдо во Фиренца, но живеевме многу среќно. Таа беше со мене уште откако почнав да тренирам, ја запознав многу млад кога бев никој и ништо, а таа беше постојано со мене. Се бореше со сите сили до последниот ден. Откако не напушти Барбара мојот живот повеќе никогаш не е ист. Мојот живот стана тажен, иако целосно се фокусирав на моите три деца кои сега се мојот живот“ – вели Торичели.
По смртта на сопругата, поранешниот фудбалер на Јувентус и Фиорентина, целосно ја презел грижата за ќерките Ариана и Аурора како и синот Алесио. Оние кои го познаваат велат дека бил навистина предан татко кој се им пружил на своите деца и ги извел на вистинскиот пат, иако главно е осамен, затоа што никогаш не успеал, и до ден денес, да ја преболи својата Барбара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА