Тажната судбина на Динамо Загреб – Шансата да испаднат од ЛШ беше 1 отсто

Фудбалерите на Динамо Загреб не успеаја да се пласираат во следната рунда од Лигата на шампионите, иако во последниот натпревар го победија Милан.

Динамо во Загреб ги совлада „росонерите“ со 2-1 во последното коло од првиот дел од натпреварувањето.

Избраниците на Фабио Канаваро на крајот ја завршија првата фаза од натпреварувањето со 11 бодови, колку што имаа Манчестер Сити, Спортинг Лисабон и Клуб Бриж, а сите напредуваа благодарение на подобрата гол разлика против хрватскиот шампион.

Шансите некој да заврши под Топ 24 со 11 бода пред почетокот на натпреварувањето беа помали од 1%, но на крајот таква судбина го снајде тимот од Загреб.

Се вчитува...