Формула 1 легендата, Михаел Шумахер е „изменет и во влошена состојба“ вели познат неврохирург од Италија. Шест години по несреќата на скијање на која доби тешки повреди на главата и на мозокот, Германецот веќе не е во кома, не е „многу поинаква состојба од она што го паметиме“ тврди Никола Акари.
Седумкратниот формула 1 шампион по излегувањето од болница е во комплетна изолација, неговото семејство, особено сопругата Корина прави се во јавноста да не излегуваат буквално никакви информации за состојбата на поранешниот пилот на Ферари.
„Мора да замислите личност многу поинаква од онаа што ј знаеме од Ф1 патеките, со многу изменето и тело во лоша состојба. Тоа е резултатот на траумата на мозокот која ја доживеа“ – вели Акари.
Ова сведочење доаѓа неколку месеци откако Жан Тод раскажа во каква ситуација е Михаел Шумахер. Тој раскажа дека Шумахер е надвор од кома, но не е комуникативен како што бил порано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА