Тажни вести од Русија: Почина голманот кој бранеше за ЦСКА против Вардар

Поранешниот голман на ЦСКА Москва и на руската репрезентација, Венјамин Мандрикин, почина од срцев удар на 41-годишна возраст. За „армејците“ го чуваше голот на 69 натпревари, а беше дел и од тимот кој гостуваше во Скопје, каде бранеше цел натпревар во „ремито“ 1:1, кое го однесе Вардар во 3. квалификациско коло во ЛШ во 2003 година. На првиот меч во Москва бранеше Игор Акинфеев, во кој Вардар триумфираше со 1-2.

Мандрикин е роден 1981 година во Оренбург. Покрај ЦСКА Москва, бранеше и за Аланија, Томск, Ростов, Спартак Налчик и Динамо Брајанск. За Русија двапати го чуваше голот.

Според неговото семејство, Венјамин починал срцев удар, а во последните 13 години бил болен и врзан за кревет после сообраќајката која ја имаше во 2010 година кога лекарите едвај му го спасија животот. Но, во последната деценија му откажаа црниот дроб и бубрезите.

Се вчитува...