Тажни вести од САД: На 54 години почина поранешен НБА кошаркар

Некогашниот играч на НБА Лигата, Оливер Милер, почина на 54-годишна возраст. Милер професионално се занимаваше со кошарка од 1992 година до 2010 година, а во најсилната лига на светот пристигна од универзитетот Арканзас. Феникс Санс го одбраа како 22-ри пик на драфтот.

Во кариерата, Милер покрај Феникс, во НБА играше и за Детроит, Торонто, Далас, Сакраменто и Минесота. Потоа кошаркарскиот пат го однесе и во Европа, каде играше во грчката лига во дресот на Ираклис.

Од 2000 година играше во разни клубови, а после три години одново се врати во НБА, во дресот на Минесота. Негов последен клуб е Лејтон-Форт Сил Кавалрли. Во НБА лигата постигна 3625 поени, имаше 2893 скокови и 758 блокади.

Се вчитува...