Тебас со предупредување до Барса: Од следната година нема да имате што да продавате

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас ги предупреди Каталонците дека моменталниот потег на Жоан Лапорта не е долгорочно решение.

По преземаните финансиски мерки, Жоан го спроведе „селери капот“ и го искачи клубот на 656 милиони евра.

Барса се најде во незавидна позиција минатото лето, кога не можеа да си дозволат да му го продолжат договорот на Лионел Меси, но оваа година, откако продадоа дел од ТВ-правата во следните 25 години и дел од компанијата кои ги има права на опрема со логото на клубот, не само што успеаја да донесат многу скапи засилувања, туку и ограничувањето на буџетот за 2023 ќе биде максимален.

„Барса ќе мора да продолжи да ги намалува платите на своите играчи. Следната година нема да има финански мерки, и ќе мора да го намалат лимитот на плати, кој ќе биде окоу 400 милиони евра. Ќе видиме што ќе се случи со продажбата на фудбалери, но ќе биде многу, многу тешко да се заддржи истата ситуација и следната сезона“, вели Тебас за ‘Марка’.

Се вчитува...