Тебас со шокантна изјава: Реал Мадрид е клуб на плачковци

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, ги разбранува страстите на Пиринејскиот полуостров со последната изјава со која отворено го критикуваше однесувањето на сите во таборот на Реал Мадрид, нарекувајќи го актуелниот шпански првак „клуб на плачковци“.

Изјавата на Тебас следи по константните поплаки на „кралевите“ на судиските одлуки на последните три средби на Реал, нешто што според првиот човек на Ла Лига е сосема очекувано.

„Реал Мадрид е клуб на плачковци. Тие се како бебиња, по секој натпревар, секој викенд, само плачат“, изјави Тебас.

Воедно, тој проговори и за врската што „кралскиот клуб“ ја има со шпанските судии со години наназад.

„Сопругата на службениот претставник на Реал, Мегиа Давила, работи во Судискиот комитет, а никој никогаш нема гласно говорено дали е тоа судир на интереси, тоа е чудно“, прокоментира првиот човек на Ла Лига.

Се вчитува...