Тебас жестоко против Флорентино: Каков човек, тој не се жали, туку се заканува…

Реал Мадрид предизвика бурна реакција на јавноста со кампањата против судиите за претстојното финале на Копа дел реј, надополнето со денешното инсистирање на нивна смена и закана за евентуално неиграње ако оваа желба не биде исполнета.

Одговор стигна од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој жестоко му одговори на Флорентино Перез потсетувајќи го на сите војни што ги води преголем успех. Ла Лига воопшто не е надлежна за финалето на Копа дел реј, но Тебас преку статус на своите профили на социјалните мрежи јасно стави до знаење што мисли за првиот човек на Реал Мадрид.

„Ова не е фудбал, ова е само желба за моќ.

Не му се допаѓа Тебас, затоа што не прави како што тој ќе му каже.

Не му се допаѓа Чеферин, затоа што не прави како што тој ќе му каже.

Не му се допаѓа Лузан затоа што не прави како што тој ќе му каже.

Не му се допаѓаат ТВ-коментаторите затоа што не го кажуваат она што тој го сака.

И сега, по изјавите на судиите, на кои им дојдоа преку глава константните навреди од Реал Мдрид ТВ, им одговара на единствениот начи на којн што знае:

  • Откажува прес-конференција
  • Го откажува тренингот
  • Не се појавува на официјалните настани пред финалето
  • Преку медиуми се заканува дека нема ни да го игра финалето.

Таков очвек, тој не протестира, туку притиска. Не се жали, туку се заканува. Со него нема несогласување, туку само казнување. Тој не сака да го поправи фудбалот, сака да постои фудбал само за него. И најлошиот дел не е што се обидува. Најлошиот е што многу луѓе му дозволуваат дури и му помагаат“, напиша Тебас.

Се вчитува...