Тебого најбрз на 200 метри со втор најдобар резултат на ОИ

Лециле Тебого од Боцвана го освои олимпиското злато во трката на 200 метри, со втор најдобар резултат на Олимписките игри. Истрча со време од 19.46 секунди.

Кедни Беднарек од САД го освои сребрениот медал со 19.62. Ноа Лајлс, кој претходно беше најбрз во 100 метри, ја освои бронзата со време од 19.70. Беднарек и Лајлс ги освоија истите позиции и на претходните Олимписки игри во Токио.

Се вчитува...