Тедеско: Единствено нешто што ни требаше за победа беше да постигнеме гол

Белгија доживеа вистински шок во првиот натпревар на Европското првенство во Германија откако претрпе неочекуван пораз од Словачка со 1-0. Белгиците важеа за апсолутен фаворит во групата, но за да се најдат во следната фаза ќе мораат да бидат перфектни во останатите натпревари од групната фаза.

Селекторот на Белгија, Доменико Тедеско не го криеше разочарувањето по поразот велејќи дека и очекувал пораз на континенталниот собир, но не против Словаците.

„Знаев дека ќе загубиме меч, за жал тоа е денеска. Немам што многу да му кажам на тимот да за да се подобри, создадовме многу шанси и требаше да дадеме гол, ќе беше полесен натпреварот.

Единственото нешто што не го направивме добро е што промашувавме шанси. Имавме многу. Тоа е дел од натпреварот. Се разбира дека фудбалерите се разочарани. Во подготвителните денови бевме прецизни. Денеска требаше да дадеме гол, потоа ќе немавме никаков проблем“, вели белгискиот селектор.

Се вчитува...