Тег Хаг воодушевен: Некој ќе одигра 700 натпревари, а тој постигна 700 голови

Ерик тен Хаг е воодушевен од неверојатната кариера на Кристијано Роналдо кој неодамна постана единствениот фудбалер на светот кој 700 пати ја затресол мрежата во професионалната кариера.

Холандскиот старег вели дека фудбалот е тимски спорт, но достигнувањето на Роналдо е неверојатно. Некои играчи играат по само 700 натпревари во својата кариера, а тој постигна толку голови.

„Феноменален е. Фудбалот е тимска игра и мислам дека Кристијано знае дека не може ништо без екипа, но морам да напоменам дека 700 гола е огромен индивидуален успех. Тоа да го остварите е неверојатно. Некој ќе одигра 700 натпревари во кариерата, а тој постигна 700 гола. Од се срце му честитам“, изјави Тен Хаг.

Португалскиот ас постигна 450 голови за Реал Мадрид, 144 за Манчестер Јунајтед, 101 за Јувентус и 5 за Спортинг Лисабон.

Се вчитува...