Најголемиот германски фудбалер на сите времиња, Франц Бекенбауер денеска го загуби својот живот на 78 годишна возраст по долго боледување. Легендата на Баерн Минхен и германската репрезентација ќе остане запомнет како единствен во историјата покрај Марио Заголо кој го осовил Светското првенство и како играч и како тренер во 1974 и 1990 година.
Популарниот „Кајзер“ го револуционираше фудбалот покажувајќи го својот раскошен талент и во одбраната и во нападот. За многумина тој е најдобриот стопер во историјата, а за влијанието говорат и неговите 100 постигнати голови на клупско и репрезентативно ниво.
Техничка брилијантност и елеганција… најдоброто од Бекенбауер погледнете го во продолжение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

