Тејлор Фриц ја прекина фантастичната серија на Алкараз

Карлос Алкараз ја оствари зацртаната цел и со триумфот на УС Опен се врати на врвот на АТП-листата, но Шпаецот беше непријатно изненаден на својот настап на „Лејвер купот“ каде неочекувано загуби од Тејлор Фриц, убедливо со 3-6, 2-6. Фриц досега во кариерата немаше триумф над Алкараз, јасно беше дека Шпанецот е голем фаворит, но американскиот тенисер изненади со одлично издание и заслужено стигна до победата за „тимот на Светот“.

„Знаев што треба да правам од самиот почеток, само не знаев дали ќе успеам да го направам тоа против Карлос. За среќа, мечот се одвиваше токму онака како што посакував“, изјави задоволно Фриц по големата победа.

Со ова беше прекината фантастичнната серија на Алкараз од 69 дена без пораз, ова беше прв неуспех на големиот ас откако загуби во финалето на Вимблдон од Јаник Синер, меч одигран на 13 јули.

Алкараз оттогаш нанижа 13 победи во Синсинати и на УС Опен, но не успеа да продолжи во истиот победнички ритам и на „Лејвер купот“.

Се вчитува...