Фудбалерите на Барселона одиграа уште еден неверојатен натпревар за сладокусците на гостувањето кај Клуб Бриж (3-3) во меч од 4. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Тресолди уште во 6. минута од натпреварот. Каталонците израмнија на 1-1 само две минути подоцна преку Феран Торес. Ново водство за белгискиот шампион донесе Форбс во 17. минута. Ламин Јамал во 61. минута израмни на 2-2, додека Форбс со својот втор гол само три минути подоцна донесе повторно предност за Бриж.
Конечните 3-3 беа поставени на помалку среќен начин откако по еден шут на Јамал лошо реагираше Цолис и ја затресе мрежата на својот тим. Главниот судија Ентони Тејлор двапати ја спаси Барселона на овој меч откако прво по ВАР поништи пенал за домаќините, а во 91. минута им поништи гол поради фаул над Шчесни.
Romeo Vermant disallowed goal against Barcelona 90+1'
byu/derawon insoccer
До победи стигнаа Манчестер сити кој славеше над Борусија Дортмунд со 4-1, како и Интер против Каират Алмати со 2-1.
РЕЗУЛТАТИ ЛШ 4. КОЛО:
(18.45) ПАФОС – ВИЛЈАРЕАЛ 1-0
(18.45) КАРАБАХ – ЧЕЛСИ 2-2
(21.00) АЈАКС – ГАЛАТАСАРАЈ 0-3
(21.00) БЕНФИКА – БАЕР Л. 0-1
(21.00) БРИЖ – БАРСЕЛОНА 3-3
(21.00) ИНТЕР – КАИРАТ А. 2-1
(21.00) МАНЧЕСТЕР С. – БОРУСИЈА Д. 4-1
(21.00) МАРСЕЈ – АТАЛАНТА 0-1
(21.00) ЊУКАСЛ – БИЛБАО 2-0
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

