Американецот Ксавиер Теjмс повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска беше потпишан спогодбен раскин на договорот.
Бекот и покрај фактот што имаше двегодишен договор, уште по завршувањето на минатата сезона изрази желба да си замине од Македонија. Управата на клубот изминативе месеци направи сѐ за да го предомисли и задржи во своите редови, но сето тоа беше залудно.
Откако не успеаја убедувањата, раководството на „металците“ ја одреди цената на отштетата, која Американецот денеска ја уплати на сметката на клубот по што доби раскин на договорот и сертификат за да може да настапува во нова средина.
Според информациите од Израел, од денеска тој е нов член на екипата на Бнеи Херцлиа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА