Повредата на Џејсон Тејтум не е наивна и голема е веројатноста дека американскиот кошаркар нема да му биде на располагање на Бостон за вториот натпревар од осминафиналната пресметка против Орландо.
Тејтум при обид за забивање пред почетокот на последната четвртина беше фаулиран од страна на Колдвел-Поуп по што го повреди зглобот на десната рака.
Еден од најдобрите кошаркари на Бостон успеа да го заврши натпреварот, но со време болката се зголемила, а прегледите по крајот на средбата утврдија дека станува збор за покомплицирана повреда поради која го очекува пауза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА