Четвртфиналната серија од разигрувањето за титула во НБА лигата помеѓу Бостон и Филаделфија ќе биде одлучена со „мајсторка“ откако изминатата вечер Селтикс славеа со 95-86 изедначувајќи на 3-3. Џејсон Тејтум кој реализираше 19 поени, 9 скокови и 6 асистенции не одигра претпознатлив натпревар, но сепак на крајот се радуваше на победа.
Американецот по натпреварот коментираше за лошата форма, а не пропушти прилика да се пофали самиот себеси.
„Ова беше само една тешка ноќ. Пропуштив неколку промашувања, отворени обиди и слични работи. Беше фрустрирачко додека не заврши во наша полза. Јас, скромно кажано сум еден од најдобрите кошаркари на светот. Навистина верувам во тоа. Лесно е да збориш за тоа кога ќе постигнеш 35 или 40 поени, но мислам дека покажувам карактер со тоа што го говорам тоа кога погодив само еднаш, кога знаеш дека работите не одат како што треба. Морате постојано да бидете истата личност, да имате ист морал и ист карактер“, вели Тејтум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

