Тексас завиен во црно: Тренер убиен со пиштол среде НФЛ-натпревар (ВИДЕО)

Тексас е завиен во црно, откако среде НФЛ-натпревар се случи страшен инцидент, при што бил убиен тренерот Мајк Хикмон.

Една снимка веднаш се појави на социјалните мрежи на која може да се забележи дека дуелот бил прекинат поради незадоволство на дел од навивачите.

Во еден момент се случи голем хаос на теренот, по што се слушнаа пукотници по кои тренерот Хикмон останал да лежи на тревникот.

Тренерот завршил во болница, но сепак му немало спас, па сега полицијата е во потрага по Јакуб Талиб, кој е брат на НФЛ-шампионот Акиб Талиб.

 

 

 

Се вчитува...