Тел го одби Тотенхем, па газдата дојде лично во Минхен да го убедува

Откако стана јасно дека напаѓачот на Баерн Минхен, Матис Тел не сака да потпише за Тотенхем, иако двата клуба беа договорени за трансфер во висина од 60 милиони евра, во преговорите ќе се вклучи сопственикот на клубот од Лондон, Даниел Леви.

Според последните информации, Леви вечерва итно допатувал во Минхен, за лично да го убедува францускиот напаѓач за селидба во Лондон.

Ако Леви не успее, тогаш Тел ќе чека подобра понуда. За него има интерес и од Астон Вила, Челси и Манчестер Јунајтед. Речиси сигурно ќе заврши во Премиерлигата, но засега не е познато во кој клуб.

Се вчитува...