Тел по промоцијата во Баерн Минхен: Ова е вистинскиот клуб за мене!

Матис Тел од денеска и официјално е ново засилување на Баерн Минхен. Младинскиот репрезентативец на Франција во Германија доаѓа од редовите на Рен за 20 милиони евра кои со бонуси можат да се искачат на 28.5 милиони евра.

Од „новиот Мбапе“ се очекува да биде главен играч на баварците во иднина, голгетер кој во целост ќе го замени Роберт Левандовски, а ниту самиот играч не го криеше задоволството од остварениот трансфер.

„Баерн Минхен е еден од најдобрите тимови во светот. Со нетрпение гледам на новиот предизвик и тврдам дека ќе дадам се од себе за овој клуб. Разговорите со Хасан Салихамиџиќ и останатите одговорни лица во Баерн ме инспирираат и бргу сфатив дека сакам да се преселам во Минхен“, изјави Тел.

Седумнаесетгоидшниот Тел веќе собра и прволигашко искуство носејќи го дресот на Рен, а стана и најмладиот дебитант во дресот на францускиот клуб. На дебито во август 2021 година тој имаше 16 години и 110 дена со што го надмина рекордот кој претходно го држеше Едуардо Камавинга.

Се вчитува...