Тел се премисли, ќе игра за Тотенхем

Матис Тел ќе биде засилувањето за нападот на Тотенхем во вториот дел од оваа сезона откако „спарси“ конечно го убедија младиот Французин да се пресели во лондонскиот премиерлигаш.

Тел веќе најави дека е подготвен да замине од Баерн во клуб каде би добивал поголема минутажа, Тотенхем пред два дена постигна целосен договор со баварскиот гигант за шестмесечна позајмица, но се падна во вода откако Французинот ја одби понудата на „спарси“. Негова желба беше да се договори со Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ не успеаја да најдат заеднички јазик со управата на Баерн, по што и оваа варијанта отпадна.

Свесен дека нема многу време за да направи конкретен чекор, Тел утрово имал долг разговор со тренерот на Тотенхем, Посткоглу, по што по добиените гаранции за значителна минутажа дал зелено светло за позајмицата во „спарси“ да се реализира.

Лондонскиот клуб целосно ќе ја покрива платата од договорот на Тел со Баерн, но „спарси“ нема да имаат клаузула со која летово би можеле да го откупат целосно договорот на овој 19-годишен суперталент.

Се вчитува...