Францускиот напаѓач Матис Тел сериозно ги налути навивачите на Тотенхем со непромислена објава на социјалните мрежи. Тинејџерот, кој во јануари беше потпишан на позајмица од Баерн Минхен , а допрва треба да постигне гол во Премиер лигата , објави неколку фотографии на Инстаграм, облечен во дресот на ѕвездата на Фулам , Вилијан.
Потегот на Тел не им се допаѓа на навивачите на Спарс, бидејќи Вилијан претходно играше една година во тимот на големиот ривал Арсенал. Згора на тоа, во летото 2013 година, Вилијан беше на прагот на трансфер во Тотенхем од Анжи , дури и минуваше лекарски прегледи, но во последен момент се предомисли и се пресели во друг лондонски тим – Челси. Вилијан подоцна изјави дека тоа е најдобрата одлука во неговата кариера.
Сепак фотографиите предизвикаа гнев кај навивачите на социјалните мрежи, па Тел брзо ја избриша објавата. Но, овој негов потег ќе му донесе тој на лето да биде вратен во Баерн, чиј играч е, а во Лондон игра како позајмен до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА