Американскиот тенисер Бен Шелтон ги сподели своите впечатоци по победата во второто коло на Индијан Велс. Шелтон беше подобар од Чехот Јакуб Меншик со 2-1 по сетови, 4-6, 6-3 и 6-4.
Американецот по дуелот зборуваше за продолжувањето на натпреварувањето, како и за потенцијалното отсуство од Олимписките игри во Париз. Вели дека мали се шансите да се појави на Олимпијадата во Париз.
„Ќе морам да размислам за тоа, но како што стојат работите сега, веројатно нема да играм. Ова е многу напорен натпреварувачки календар. Ќе бидам во Европа два месеци за Вимблдон, а потоа ќе морам добро да се подготвам за УС Опен. Помеѓу тие големи натпреварувања би морал повторно да играм на земјена подлога и тоа значително би ми ги расипало подготовките за Флешинг Медоус, бидејќи сакам да одам на сите подготвителни турнири“, изјави Шелтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

