Телетовиќ: Леброн Џејмс е голем човек!

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина  Мирза Телетовиќ откри дека Леброн Џејмс му помогнал во најтешкиот момент од неговата кариера.

Телетовиќ откри на социјалните мрежи дека Џејмс му понудил да игра за Кливленд Кавалирс откако неговата кариера беше загрозена од белодробна емболија во 2015 година.

Поранешниот капитен на Босна и Херцеговина претрпе животозагрозувачка белодробна емболија, поради што остана надвор од теренот и без договор. Поради здравствените ризици што ги претставува продолжувањето на неговата кариера, ниту еден тим не беше спремен да го потпише.

Леброн, како прва ѕвезда на Кливленд Кавалирс, даде предлог што Телетовиќ никогаш нема да го заборави.

„Не многу луѓе знаат кој е всушност Кралот Џејмс. По мојата белодробна емболија, кога никој не сакаше да ме потпише, тој се јави на мојот агент и ми понуди да играм со него во Кливленд“, напиша Телетовиќ.

Се вчитува...