Аргентинскиот суд во Сан Исидро, даде дозвола телото на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона да биде преместено во мавзолеј во изградба во центарот на Буенос Аирес.
Дозволата ја побарале неговите ќерки, Далма и Џанина, и судот дал одобрување.
„Бидејќи пренесувањето на телото се бара од хуманитарни и емоционални причини, а тоа е да им се дозволи на роднините и другите да дојдат и да изразат сочувство или да му оддадат почит на некој близок, освен ако пренесувањето на посмртните останки на кој било начин би ја загрозило нивната безбедност, нема причина да се одбие барањето, се вели во соопштението на судот.
Аргентинската легенда почина на 25 ноември 2020 година на возраст од 60 години. Причината е акутна срцева слабост. Марадона е погребан на приватни гробишта во Буенос Аирес кои се затворени за јавноста.
Иградбата на мавзолејот треба да заврши во 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА