Победа или најмалку реми во денешната пресметка со Бразил ја носат машката младинска ракометна репрезентација на Македонија во посакуваното осминафинале на СП (У21) во Алжир. По двата порази во претходните два дуели со Тунис и со Шпанија, мобилизацијата во „црвено-жолтиот“ табор е на највисоко ниво, свесни дека ова е последнаат шанса за оваа генерација.
„Свесни сме за важноста на вечерашниот натпревар и ќе дадеме максимум за да избориме пласман во осминафиналето. Бразил е клучниот меч за оваа генерација. Ова е последен настап за погоелм дел од играчите во младинска конкуренција и верувам дека секој ќе биде максимално ангажиран и ќе ги искористиме сите сили да избориме позитивен резултат“ – истакнува селекторот Илија Темелковски во пресрет на вечерашниот дуел со Бразил.
Македонската репрезентација добро го почна настапот на ова СП со супериорна победа против Русија и потоа против аутсајдерот Буркина Фасо. Но, потоа следуваше разочарувачки пораз од Тунис и целосна инфериорност против фаворитот Шпанија. Селекторот Темелковски верува дека во овој состав има сили и квалитет за многу повеќе од она што го видовме на последните два натпревари. Во дуелот со Бразил мора да се поправи сликата, а клучот за успех ќе биде во одбраната.
„Паднавме малку во последните два натпревари, но верувам дека може да се вратиме повторно во ритам. Не чека решавачки натпревар, мора да одиграме многу подобро во одбраната во однос на претходните натпревари. Кога функционира одбраната, и голманите имаат повеќе одбрани, а тогаш подобро функционира и нападот“ – вели македонскиот селектор.
По првите четири натпревари Шпанија е на првото место во Групата ц со максимални 8 бода, Тунис има 5, Македонија и Бразил по 4, Русија 3, а Буркина Фасо е последна без бодови. Пласман во соминафиналето на СП обезбедуваат првите четири репрезентации во групата, а другите две ќе разигруваат за пласман во утешниот Президент куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА