Се ближи стартот на сезоната во кошаркарското првенство, што традиционално е и време за „бури“ во овој спорт. Поранешниот директор во федерацијата, Владимир Темелковски, жестоко го нападна актуелниот претседател Перо Антиќ за начинот на водење на куќата на кошарката во изминатиот период.
Темелковски, кој и самиот беше во игра за претседателската функција, испрати јасна порака до Антиќ: Ќе ти дишам во врат, но не за мој интерес туку за доброто на кошарката.
Статусот на фејсбук на Владимир Темелковски го пренесуваме во целост:
Ах бе Перо..
Веќе 3 месеци поминаа од кога некој твои пријатели(не од клубовите и кошаркарската фела) одлучија дека ти си најдобро решение за кошарката, ама сега слушам дека го колнат денот на кој што го сторија тоа. Наместо по примерот на Пандев или на Кире кој што почнаа од нула создавајќи клубови и продолжувајки го нивниот личен бренд и креирајки производ ти се одлучи дека клучно е да го смениш Пеце и да исправаш криви дрини.
Први ти бевме на одстрел јас и Моника, па потоа клубовите што не плаќале( а ти ветуваше спонзор и гратис опрема) па сега Зоре и кошаркарската легенда Фацко кој што на 2 години пред пензија го остави без работа, за да вработиш твое другарче, за утре гарантирам дека крива ќе ти биде и власта што нема да ти префрли пари за да можеш да пиеш по кафани и што ли друго да правиш на сметка на МКФ.
Доби на тацна федерација со пари на сметка( не многу ама не заборавај дека Пеце ја прифати со минус од 30.000.000 ја раздолжи и ти остави плус) и плус 2 добиени европски првенства( Најголема заслуга на Мони, а после и на мене пеце и на целиот тим на МКФ), се надевам дека и ти ќе ја продолжиш традицијата на 5 години по ред првенства каде што во државава доваѓаа 300 учесници и 500 навивачи и се правеа повеќе од 10.000 ноќевања и приход за туризмот од преку 500.000 евра.
Ама ти не си за вакви тези и дискусии ти си за чистење на прљавиот веш и те разбирам кога сопствениот не ти е чист, почнувајки од твојот и на Тоше фалс пасош за кошарка за кој што не се буневтте туку ја зграпчивте шансата, па до аферите во Америка и скандалите со полиција, па до пропаднатите кафани и кавгите со другари, па сега најново до некој нови полициски извештаи за кој што има што да се каже.
И знам сега дека ти и твоите кафански другари ќе си викаат криво му е пишува дека љубомори, он е татин син идр но единствено што ми е криво е што конечно кошарката фати правец, со враќање во квалификациите на А селекција, со А дивизија на У16, со план за враќање на женската кошарка и тотална субвенција за сите лиги.Само еден совет ќе ти дадам. Не се бави со мене. со како да го смениш Јоцо, со Фацко го реши веќе, со дресовите и магацинот, туку засукај ракавите отштампај си ја програмата и почни да ја исполнуваш.
Семинарот за тренери е за 1 месец најди и обезбеди врвни тренери како што вети. Имаш од АМС најголем ваучер а и многу пријатели со пари и големи компании искористи го ваучерот и обезбеди средства за федерацијата не ги чекај на тацна од АМС и државата.Помини до салата Кале што ти аплаудирам што ја обезбеди и посвети малку време со најмладите, види кој и што работи со нив. Наместо со кошаркари од Звезда да одиш да се сликаш направи релации со другите федерации ќе ти требаат за пријателски пошто јас и мони не сме таму да ти ги договараме како оваа година.
Обезбеди опрема како што вети за клубовите. Лобирај у Фиба за повеќе судии и првенства во Мк. Наместо да гледаш Звезда и Фенербахче оди на прва лига кошарка и тоа не само на дерби, прошетај малку истражи ја Македонија.И за крај научи да сакаш зошто без љубов оваа работа нема да ја биде и како што вика народната кој на друг гроб му копа самиот ќе падне во него. Поздрав и да, ќе ти дишам во врат не за мој интерес туку за доброто на кошарката, да не забегаш повеќе од што си иако тоа е малку возможно…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА