Селекторот Илија Темелковски го скрати својот список од 19 на 16 ракометари кои утре ќе отпатуваат за Доха на двомечот против Катар. Доколку нема несакани проблеми со повреди, се очекува истите 16 играчи да ги бранат боите и на претстојниот ракометен мундијал за младинци што ќе се игра во Алжир.
Темелковски одлучи од комбинација да отпаднат Михаил Аларов од Пролет, Мартин Серафимов од Металург 2 и Марко Кизиќ од Вардар 2, па така боите на Македонија на двете контроли со Катар ќе ги бранат: Филип Талески, Филип Кузмановски, Димитар Димитриоски, Никола Даниловски, Иван Џонов, Горан Крстевски, Филип Арсеновски, Мартин Томовски, Мартин Велковски, Милан Лазаревски, Марио Танкоски, Марко Нелоски, Мице Шилегов, Давор Палевски, Дарио Петровски и Томислав Јагуриноски.
Младинците в четврток ќе се вратат назад во Македонија, по што в сабота тргнуваат повторно на пат, овојпат кон Алжир, за настап на светскиот шампионат. Само за потсетување, „црвено-жолтите“ се дел од групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Русија, Тунис, Буркина Фасо и Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА