Македонската репрезентација одигра нерешено во решавачкиот натпревар со Португалија, се врати по пет гола негатива, но во финишот не искористи шанса да дојде на +2 и да ја осигура победата. Во тие драматични последни секунди, кога Мартин Велковски беше во контра за победа, селекторот Илија Темелковски тргна со намера да побара тајмаут, а потоа сепак се одлучи да не го прекинува нападот.
„Се мислев дали да земам тајмаут на крајот. Ако му направеа фаул веднаш ќе побарав тајмаут, но видов дека Велковски помина. Замислете ако го земев тој тајмаут, а тој да дадеше гол, на крај ни свирнаа чекори. Знаете како, со тајмаутот можеш или да добиеш или да изгубиш. Да земев тајмаут можеби ќе беше подобро. Не зедов, чекав ситуација Велковски да помине, помина, свирнаа чекори и тоа е тоа“ – сумираше по натпреварот македонскиот селектор.
Темелковски открива и што ги советувал репрезентативците во соблекувалната по лошото прво полувреме кое македонската репрезентација го заврши со пет гола негатива.
„Одигравме едно лошо прво полувреме тоа го покажа и резултатот. Пет гола и не се така мала разлика на ваков натпревар. Добро отворивме, цело време имавме една контрола на играта имавме 2-3 гола разлика и наместо да ја завртиме ситуацијата во наша полза, дозволивме некои неконцентрирани шутеви од зицер позиции од шест метри да ги промашиме. Кои се покажаа доста важни во овој дуел. И последниот многу важен напад, таа контра на Палевски резултираше пак со еден промашен зицер. На полувремето во соблекувална им реков дека ни треба малку поагресивна одбрана, да бидеме поблиску до нив, да го убрзаме преносот на топката во напад, да го рашириме противникот и да се обидеме во индивидуална дуел игра да ја пробиеме нивната одбрана. Донекаде успеавме во тоа, но повторно имавме многу промашени зицер шанси. Влегиовме во игра, се вративме од -5 на +1 и кога требаше да ја потврдиме победата, не успеавме да ја го реализираме тоа. Тоа што ни беше проблем уште од почетокот се покажа кобно и во финишот кога имавме шанса за два разлика на една минута до крај, а завршивме со промашена контра. Добро е и што влеговме во една егал завршница со големи шанси за победа, но на крај не успеавме“ – истакна Темелковски.
По првите два натпревари Македонија и португалија имаат по три бода и натпреварите од последното коло, утре че го решаваат победникот во групата и патникот на СП во Алжир. Македонија во последниот натпревар утре ќе игра против аутсајдерот Турција, а Португалија е во многу потешка ситуација против Полска. Тоа според, Темелковски ги зголемува шансите на македонската репрезентација со победа против Турција да избори пласман на СП.
„Мислам дека од сите репрезентации ние сме најблиску до пласман на СП. Предност за нас е што играме со Турција во последниот натпревар и што ќе знаеме колку разлика ќе ни треба во случај да звршиме со ист број бодови со португалија. Португалија ќе има многу потешка задача бидејќи Полска е една силна репрезентација. Мислам дека Полска може да ја победи Португалија и ние со победа против Турција да се пласираме на СП“ – оптимистички најави макеоднскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА