Темелковски: Противник од Норвешка секогаш заслужува респект

Норвешкиот Филинген Берген ќе биде новиот предизвик за Еурофарм Работник во деби сезоната на европска сцена. Битолскиот тим ќе се соочи со Филинген во осминафиналето од Челинџ купот, во февруари наредната година. Првите впечатоци по ждрепката во Виена се дека Еурофарм Работник ќе има тешка, но не и невозможна мисија во Норвешка. Со цел респект за норвешкиот ракомет и за скандинавскиот систем на работа, тренерот Илија Темелковски истакнува дека со добри подготовки може да се мине и оваа пречка што секако би бил огромен успех за битолскиот тим.

Немаме многу сознанија за противникот, но се работи за екипа од Норвешка и тоа мора да се почитува. Имаме доволно време да видиме како играат и со каков состав располагаат. Во секој случај, за нас ова е уште еден предизвик да бидеме уште помобилни и да се обидеме да ги минеме. Тоа би бил огромен успех за нас и потврда за нашиот квалитет. Филинген Берген во претходното коло играа со Вогошча, па сигурно ќе се обидеме да добиеме снимки и подетални податоци од таму“ – истакнува Темелковски.

Исто како и во дуелот со Гранитас Каунас во претходното коло и во дуелот со Филинген првиот меч ќе биде во Битола (10/11 февруари), а реваншот (17/18 февруари) на гостински терен.  Во првиот случај, ваквиот распоред се покажа поволен за битолскиот тим, па очекувањата се дека така ќе биде и со норвешкиот противник.

И во двата натпревари мора да одиграме на највисоко ниво. Некогаш е подобро реваншот да се игра дома, но тоа не е секогаш и решавачко. Со Литванците се погоди добро тоа што прво игравме дома, а потоа во гости. На гостински терен одигравме дури и подобро отколку на првиот меч. Тоа беше и можеби нашиот најдобар натпревар сезонава. Се надевам дека така ќе биде и против Филинген. Битно е добро да се подготвиме и да го добиеме првиот натпревар. Тоа е најважно. Од оние првични информации што ги добив од Лазо Мајнов кој претходни играше во Норевешка, се работи за млада екипа. Имаме доволно време до февруари добро да се подготвиме за тие дуели“ – вели левото крило на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески.

Се вчитува...