Темелковски: Столе е моја слабост, но спортистите мора да се над политиката

Директорот на Македонската Кошаркарска Федерација, Владимир Темелковски, со нов пост на социјалните мрежи потенцираше дека ставот искажан вчера за напуштањето на Стојанче Стоилов на манифестацијата „Спортист на годината“ е негово лично видување што не треба да се толкува како став на МКФ.

Тој посочува дека има високо мислење за Стоилов, но и дека очекува сите врвни спортисти да се издигнат над политичките случувања.

„Вчерашниот мој пост е мој личен став, а не став на Мкф или на партија. Ракометарите и Столе се моја слабост и пасија и се радував и ќе се радувам на секој нивен успех и тоа никогаш нема да се промени. Она што ми пречеше е фактот што спортот и спортистите мора да се над политиката и национализмот и за неа не треба да има место во спортот. Сметам дека вчерашниот настан негативно ја засени одличната организација на АМС, а особено ги засени добитниците и спортистот на годината Емил. Затоа и беше мојата реакција дека што и ние да чуствуваме и за што и да се залагаме лично и приватно не смее да ја засени спортската игра и спортските резултати и успеси и да направи раздор помеѓу спортистите. Криво ми е само што нашите ставови и реакции послужија за полнење на порталите наместо тоа место и приоритет да им припадне на Спортските добитници кој што целата година работат и се мачат за таа привилегија и успех“ – напиша Темелковски.

Се вчитува...